Земјотрес од 4 степени во Охридско

Од:

Во 11:12 часот земјотрес од 4 степени според Рихтер почувствуван во Охридско. Епицентарот на земјотресот е на 7 километри од Охрод, на длабочина од 1 километар.

Земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Уште два послаби земјотреса се регистрирани изутрината во Охридско. Првиот во 04:20 часот со магнитуда од 2,5, а другиот во 08:31 со магнитуда од 2,6 степени според Рихтер.

Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот беше на 3 јули во 13:18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а пријавени се и помали материјални штети.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени

Силен земјотрес ја погоди БиХ, потресите се почувствуваа во близина на Ливно

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Силен земјотрес ја погоди Боливија