Земјотрес од 3.6 степени по Рихтер почувствуван во Гостивар и Тетово

Од:

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска регистрираше земјотрес 32 km југозападно од Скопје кој потекнува од пограничното епицентрално подрачје Тетово-Гостивар, соопшти ЦУК.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 09 часот и 11 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.6 и интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Гостивар, Тетово и околината.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Тибет

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

(ВИДЕО) Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Горан Наумовски