Земјотрес и во Македонија, но не е поврзан со хрватските потреси

Од:

Земјотрес со јачина од 3.1 степен според Рихтер бил регистриран денеска во 12:34 часот, во близина на Карбинци и Штип, на 82 километри југоисточно од Скопје.

Според Михаил Гаревски, директор на Институт за земјотресно инженерство и климатски промени, Македонија припаѓа на друго епицентрално подрачје и кај нас земјотресите кои ја погодија Хрватска не се почувствувани.

„Земјотресот меѓу Штип и Кочани не е во никаква корелација со земјотресите во Хрватска“, рече Гаревски.

Земјотреси ја тресат Хрватска од вчера, но најсилниот, со разорна моќ беше денес во 12.19, со магнитуда од 6,4 степени според Рихтер, со епицентар на два километри од Петриња, а бил почувствуван во целиот регион.

Би можело да ве интересира

Почувствуван земјотрес во Охрид и Струга, епицентарот во Албанија

Горан Наумовски

Земјотрес со епицентар во Грција почувствуван во Прилеп и околината

Земјотрес ја погоди Бања Лука: Потресот е почувствуван во неколку градови

Силен земјотрес во Перу: Епицентарот е во близина на границата со Еквадор

Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес во Романија