А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Земјотрес ги разбуди гостиварци, штети нема

by А1он11/11/2020 - 08:1611/11/2020 - 09:09601
Share0

На цела територија на државава рано утрово почувствуван е силен земјотрес. Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје земјотресот бил со јачина од 5.0 степени по Рихтер.

Следете a1on на Instagram Instagram

Повеќе гостиварци и жители на градови во западниот дел од државава, како што објавија по социјалните мрежи, утрово доживеаја непријатно будење. Во шест минути пред пет часот почувствувале потрес со средна јачина.

Според првичните епицентарот на земјотресот е во селото Леуново, во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.

– Телеметриската сеизмолошка мрежа од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана, рано утринава, година во 04 часот и 54 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 50 km југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML5.0. Според досегашните податоци земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со V степени според Европската макросеизмичка скала, во Тетово и Скопје со IV степени. Во регионте на Битола, Прилеп и околината со III степени според истата скала, вели Драгана Черних раководител на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.

Следете a1on на Youtube YouTube

Освен вознемиреност кај граѓаните, досега не се регистрирани штети, а доколку ги има, тие да може да се пријават во Центарот за управување со кризи на телефонскиот број 195. Околу 6:23 часот почувствуван е уште еден потрес со јачина од 3, 6 степени, што се толкува како афтер шок по првиот удар.

zemjotres

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Горан Наумовски03/11/2026 - 10:3003/11/2026 - 10:30

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Горан Наумовски26/10/2026 - 14:27

(ВИДЕО) Разорен земјотрес ја погоди Кина, десетици повредени, има и жртви

Горан Наумовски23/10/2026 - 07:0723/10/2026 - 07:12

Силен земјотрес ја погоди Кина

Горан Наумовски22/10/2026 - 17:1122/10/2026 - 17:11

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината

Катерина Ѓуровски25/09/2026 - 08:0925/09/2026 - 10:16

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

Предраг Петровиќ15/09/2026 - 18:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео