А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Земјоделците ќе можат да работат на земјоделските површини и фарми во атарот на своето село, за надвор од селото ќе треба да вадат дозвола за движење

by А1он06/04/2020 - 16:39781
Share0

Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површини и на фармите, кои се наоѓаат во атарот на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење и покрај новата уредба со која полицискиот час од среда ќе почнува од 16:00 часот, наместо од 21:00 како што е сега, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Добивај вести на вибер

-Земјоделците, пак, чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото во кое живеат и треба да патуваат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење, појаснуваат од МЗШВ.

Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата кадешто им се наоѓа земјоделската површина или фарма, посочуваат, ќе биде по претходно воспоставениот принцип, преку Подрачните единици на МЗШВ. Досега, нагласуваат, издадени се 3.491 дозвола за движење на земјоделци заради извршување на работните обврски.

Од МЗШВ ги повикуваат земјоделците да ги почитуваат новите препораки на Владата, и движењето да го користат исклучиво за работни обврски, со цел, како што велат, заеднички да придонесеме во справувањето со коронависрусот во нашата држава.

koronavirus mkdzemjodelci

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитриевски: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа земјоделците, намалени субвенциите за прв пат во историјата

Горан Наумовски23/07/2025 - 13:20

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ удри по земјоделците, над 30 милиони евра помалку пари за земјоделието

Горан Наумовски23/07/2025 - 09:22

Измамници излажале 25 земјоделци, ги оштетиле за повеќе од 140.000 евра

Горан Наумовски04/06/2025 - 15:53

Цеков: Ако државата сака домашна храна треба да го поддржи македонскиот земјоделец

Горан Наумовски22/05/2025 - 14:57

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен