Земјоделците да не оставаат плински боци на полињата апелира Ангелов

Од:

Земјоделците кои користт плински боци на полињатта да не ги оставаат таму, а граѓаните вднаш да пријават во ЕВН за ко забележат разлабавени жици од бандерите повика денеска директорот на Центарот со управување со кризи посочувајќи ги овие две работи како дел од причините за ибувнување пожари.

„Овие плински уреди се голема опасност за предизвукување пожари на отворено кои прераснуваат во шумски пожари. Засега има најмалку еден потврден случај на експлозија на плинска боца која што предизвика пожар, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарте пожарот бил изгаснат. Апелирам до сите кои што ги користат овие уреди или да не ги користат или ако ги користат тоа да биде согласно закон. Оставањето на плинските боци на сонце е голем ризик и потенцијална опасност“, изјави Ангелов.

Тој упати и апел до граѓаните кои што живеат или престојуваатво во куќите или викенд куќите во напуштените села каде има пожари.

„Доколку забележат лабави жици или жици кои што не се доволно затегнати, жици кои искрат истото веднаш да го пријават во ЕВН“, апелира Ангелов.

Вчера биле регистрирани 29 пожари на отворено, од кои во моментов пет се активни, три се под контрола и 21 се изгаснати.

„Активни пожари кои што се провелекуваат со денови е оној кај Брзница каде благодарение и на локалното население кое што деновиве престојува таму направени се противпожарни појаси околу селото и сметам дека истото не е загрозено, но за жал пожарот продолжува низ многу квалитетна борова шума. Пожарот го гаси унгарски тим на кој му помагаат 50 припадници на АРМ и пожарникарите од Македонски Брод кои се само 12 на број. Активен е и пожарот на Илинска планина кој е мошне сложен за гаснење затоа што поради густиот чад што се крева поради гаснењето со вода од безбедносни причини ер тракторите мораа да бидат повлечени. Таму пожарот го гасат доброволци со поддршка на вработени во Национални шуми. И пожарот кај гевгелиско Фурка етежок за гаснење, а таму дејстуваат неколку хеликоптери. Активен е ипожарот кај скопско Студеначани каде гори мешана шума. Гори и на Осоговските планини кај селото Зелениград, пробиштипско. Пожарот се движи накај Пониква, горењето е мало но во поплдневните часови повторно се разгорува. Верувам дека овој пожар навреме ќе биде сопрен и нема да ја загрози викенд населбата Пониква. Има и други помали пожари со кои локалните противпожарни единици успешно се справуваат“, информираше Ангелов.

Во меѓувреме избувнуваат и нови пожари.

„За жал во меѓувреме се појавуваат и нови поажри каков што е оној во Албанија кај Преспанското Езеро кој се движи кон Македонија и ќе се обидеме да го стопираме додека е на албанска територија бидејќи ако стигне на македонска територија тоа е непристапен терен каде што има и боровашума и неговото гаснење ќе биде исклучително тешко. Се обидуваме да стапиме во контакт со албанските власти за да можа да интервенираме со воздухоплови“, информираше Ангелов.

Ангелов инфромираше дека дел од странската помош ја напуштила државава, чешката посада заминала како и еден хеликоптер од Словенија и двата ер трактори од Шведска.

Напомош остануваат еден српски хеликоптер, два од Унгарија и два ер трактори од Германија. Во Македонија сѐ уште е и тимот од 44 унгарски пожарникари со специјални теренски возила кои што дејствуваат во реонот на село Брезница.

Би можело да ве интересира

Еден активен пожар и еден под контрола од вчерашните 22 на отворено низ државава

Вкупно 39 пожари на отворено вчера, пет сѐ уште активни

Локализиран пожарот во близина на железничката пруга во Кисела Вода

ВИДЕО: Гори во Визбегово

Катерина Ѓуровски

Пожари кај Железничка, во Визбегово и во Сопиште

Катерина Ѓуровски

Состојбата со пожарите на отворено повторно се влошува, гори на пет локации