Земјите од Западен Балкан со поддршка на еврокомесарката Мариа Габриел обединети за дигитализација и намалување на цените во роаминг во регионот

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски е домаќин на еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел, министрите и високите владини претставници од земјите од Западен Балкан и министерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми на Грција, Никос Папас.

На министерскиот ручек што се одржа денеска, се разговараше на повеќе теми, со посебен осврт на идејата за отворање на првата регионална Академија за сајбер безбедност во Скопје, како и за намалување на цените во роаминг за земјите од Западен Балкан.

Како што истакна еврокомесарката Габриел, целта е граѓаните на земјите од регионот да имаат поефтини цени во роаминг. Габриел ги поздрави напорите на Владата на Северна Македонија во процесот на дигитализација а особено активностите кои ги презема за успех на договорот за роаминг. Заложбите се договорот да се потпише помеѓу сите шест економии во април на вториот Дигитален самит што ќе се одржи во Белград, и тоа што се постигна во ЕУ за десет години, во регионот да се постигне за три до четири.

Министерот Манчевски ја претстави конкретната идеја за отворање на регионална Академија за сајбер безбедност во Скопје. Поддршката за овој предлог доаѓа од Европската Комисија и комесарката Габриел. Како што истакна министерот Манчевски, сајбер безбедноста не познава граници и земјите од регионот мора да бидат обединети и со заеднички пристап да ги надминат предизивиците.

Министерот Папас, кој го изрази задоволството што регионот на Западен Балкан ги надминува проблемите од минатото и се стреми кон заедичка, европска иднина.

На министерскиот ручек му претходеше настанот каде беше презентиран концептот на првиот нов научно – технолошки парк кој ќе се отвори со Скопје, во чии рамки ќе започне со работа и Деловно-технолошкиот акцелератор на УКИМ.

 

Би можело да ве интересира

Западен Балкан веќе не е чекалница и одбива да биде оставен назад, порача Мицкоски од Самитот во Скопје

Катерина Ѓуровски

Кос: Реформите кои ги бараме задираат во закоравени структури на интереси и на моќ, на лидерите е да ја водат реформата

Лидерска средба ЕУ – Западен Балкан во Скопје, фокус на Планот за раст

Катерина Ѓуровски

Марта Кос в понеделник и вторник во Скопје на средба со лидерите од Западен Балкан

Катерина Ѓуровски

Кошта на турнеја низ Западниот Балкан, в четврток ќе престојува во Скопје

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“