Не 650 туку 780 бегалци од Авганистан ќе примиме, ќе бидат сместени главно во хотели во Скопје

Од:

Бројката на бегалци од Авганистан кои ќе ги прими Македонија од вчера се искачила од досегашните 650 на 780, соопшти денес владиниот портпарол Душко Арсовски. Ќе бидат сместени главно во хотели на периферијата на Скопје.

„Според последните податоци, бидејќи бројките се сменија од вчера, 780 граѓани на Авганистан се на списокот. Ова е според барањето на меѓународните организации кои стигнуваат до Владата. Стигнуваат 780 граѓани, за толку Владата презема обврска да обезбеди сместување, да ги згрижи и да помогне полесно да го поминат овој период тука од 90 дена. Во однос на хотелите, тоа е обврска на меѓународните организации кои ги покриваат трошоците. Најголем дел ќе бидат сместени на периферијата на Скопје“, рече портпаролот Арсовски.

Се уште не е извесно кога ќе пристигнат бегалците од Авганистан, но за нивно прифаќање веќе се направени подготовки. Министерот за здравство Венко Филипче веќе извести дека направиле посебни протоколи. Лекарски тимови ќе ги прифатат бегалците, а веднаш по пристигнувањето сите ќе бидат тестирани за Ковид-19 и ќе им бидат пруженени и други здравствени услуги доколку за тоа има потреба.

Невакцинираните, министерот Филипче најави дека ќе бидат вакцинирани два – три дена по пристигнувањето.

Бегалците кои треба да пристигнат во Македонија, според најавите на владините претставници се вработени и нивните жени и деца во хуманитарните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти како и граѓани кои изминатите 20 години биле поддршка на НАТО силите во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Ахунџада: Мртва е демократијата во Авганистан

Нападната база во Кабул: Има мртви

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

A1on

67 Авганистанци добија привремен престој во Македонија

А1он

Заврши престојот во Македонија за уште 43 граѓани на Авганистан

А1он

Повеќе од 30 случаи на насилство врз авганистански новинари за два месеца