ЗЕЛС: Осуда за убиството на градоначалникот на Боговиње Хазби Идризи

Од:

ЗЕЛС го осудува чинот на грозоморното убиство што беше извршено утрово врз градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идризи, долгогодишен член на Заедницата и активен учесник во нејзиното јакнење и унапредување.

– Градоначалниците, општинските советници и сите вработени во локалната власт во земјава се длабоко потресени од овој немил и неочекуван настан, особено што е извршен врз личност со високи морални вредности и голема професионална одговорност. Станува збор за еден од најуспешните градоначалници, кој беше целосно посветен на развојот на децентрализацијата на власта и развивањето на демократските процеси во земјава, стои во соопштението од ЗЕЛС.

ЗЕЛС, како што се наведува, загуби човек кој со своето огромно искуство претставуваше силна потпора за нејзин континуиран развој и поборник за консензуално решавање на сите предизвици.

– Неговите успеси ги потврдуваат не само неговите сограѓани од општината Боговиње, туку тие беа длабоко почитувани и применувани од другите општини во земјава и надвор од неа, се наведува во соопштението.

ЗЕЛС упатува искрено жалење за огромната загуба и до неговото семејство и апелира до надлежните органи за поитно утврдување на причините за стореното злосторство.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Владата спроведува партиски реваншизам кон општините во минатите две години

Претседателот на ЗЕЛС со повик до институциите на централната власт да се справат со дојавите за бомби

ЗЕЛС: Досега, речиси половина од општините обезбедија 14 милиони денари парична донација за настраданите во Турција и Сирија

Ана Ололовска

Арсовска разрешена од претседателската функција во ЗЕЛС, на нејзино место назначен е Орце Ѓорѓиевски

Кристијан Ландов

ЗЕЛС итно бара состанок со Владата со цел решавање на проблемите со енергетската криза

Ана Ололовска

ЗЕЛС ќе бара итен состанок со Владата