Зелените листи на ДОМ со голем број жени и експерти

Од:

Демократската обнова на Македонија ги подготвува „зелените“ советнички листи, на кои во голем дел како носители се јавуваат жените, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ДОМ Тони Ристов.

Додаде дека од досега пристигнатите, таков е случајот со Охрид, Битола, Куманово, Кочани, Кисела Вода, Свети Николе и Гевгелија.

Покрај големиот број жени кандидати на зелените листи на ДОМ се најдоа и експерти од повеќе области како зелена економија, заштита на животната средина, култура, наука и припадници на граѓанскиот сектор. Ова е голема можност во идниот период низ општините на Македонија да зајакне гласот и заложбите за зелените политики и проекти. Сите наши заложби за зелени општини наскоро ќе ги обзнаниме во Зелената програма на ДОМ за локалните избори, рече Ристов.

За градоначалничките позиции, ДОМ ќе ги поддржи кандидатите на Коалицијата за подобра Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

ДОМ: Без итни мерки, стратешките цели нема да донесат чист воздух

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада