Зеленило, цвеќе и детско игралиште зад „Зелен пазар”

Од:

8.000 м2 околу станбените блокови зад “Зелен Пазар”, на потегот од булевар „11 Октомври“ до улица „Македонија“, ќе добијат нов изглед. Наместо исушената, ќе се засади нова трева.

Zelen pazar (4)
Општина Центар целосно ќе го реконструира тревникот Ќе се засадат нови 2.300 садници, кои ќе се наводнуваат со автоматски систем приклучен на хидрантската парковска мрежа.
Zelen pazar (1)

Zelen pazar (5)Zelen pazar (2)

За поголема разиграност на просторот, планирани се неколку алпинетуми, формирани од различен вид садници, како и цветни леи со 3.000 петунии.

Паркот ќе ја задржи убавината во текот на целата година, бидејќи ќе се посадат листопадни и зимзелени садници, зимзелени и листопадни грмушки и зимзелени покривачи. На локацијата ќе има и 2 зимзелени магнолии, со преубави бели цветови, соопштуваат од општината.

Старото и руинирано детско игралиште е веќе извадено. Тука децата ќе можат да си играат на нови и современи реквизити. За нивна поголема безбедност, ќе биде поставена и заштитна гумена подлога, која е лесна за чистење и за одржување.

Со ова, општина Центар комплетно го реновираше целиот Градски ѕид. Во сите негови сегменти обновено е зеленилото, насадени се нови дрвја и цвеќе, поставен е систем за полевање и нови детски игралишта.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар