ВИДЕО: „Зелен патронат“ на основното училиште „Јан Амос Коменски“

Од:

„Дрвја садиме – парк на пријателство градиме” е мотото под кое се одржа Денот на училиштето на основното училиште „Јан Амос Коменски”, во Тафталиџе 1.

Во период кога загадувањето и уништувањето на природата претставува глобален проблем, учениците од Коменски решија да делуваат локално и на конкретен начин да покажат грижа за својот училишен двор во кој поминуваат голем дел од своето време.

Имено, денеска се засадија нови дрвца во предниот дел од училиштето, а овој простор дополнително ќе се оплемени и со нови цветни садници штом се подобрат временските услови.

Во соработка со „Пакомак” и „Нула Отпад” се постави и нова урбана опрема, вело остров и пункт за собирање на електронски отпад.

Преку оваа еко – акција, уште еднаш се потврди дека ова училиште е заслужен добитник на „Зелено знаме“ и е прогласено за еко училиште.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој напомена дека разеленувањето на училишните дворови е приоритет и на локалната самоуправа.

– Ќе работиме на дополнително зголемување на зеленилото и во дворовите на другите училишта, кои ќе прераснат во убави градини или спортско рекреативни центри. Навиките се стекнуваат од најрани години, а преку ваквите акции се развиваат креативните способности на најмладите, кои покрај совладување на наставниот дел од училишната програма, треба да делуваат и во насока на заштита на природата и други сегменти од општественото живеење, рече Богоев.

На настанот присуствуваше и Амбасадорот на Чешка во Република Македонија, Мирослав Томан, од чија земја потекнува големиот образовен и верски водач чие име го носи ова наше училиште, кој се осврна на ликовната изложба презентирана во аулата на училиштето, со мотиви од чешката култура.

Првичниот објект на училиштето „Јан Амос Коменски” е донација од поранешна Чехословачка, веднаш по земјотресот во 1963 година, поради што и го носи името на истакнатиот чешки филозоф, учител и едукатор.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот