Зелен хуман град: Пропаднаа мерките за спречување на аерозагадувањето во Град Скопје

Од:

Советот на Град Скопје, поттикнат од градоначалничката, успеа сам себе да си даде автогол, и скопјани да ги осуди на уште една година загаден воздух велат од Зелен хуман град.

– Уште од јануари 2023 година, ЗХГ поднесе бројни мерки што градот треба да ги преземе за намалување на аерозагадувањето, мерки кои беа игнорирани. Во ноември 2023, поднесовме предлог-одлука на дневен ред за советот да ги излгаса истите мерки, и во тоа успеавме! Само месец дена подоцна, градоначалничката на денешната седница се обиде преку Решение за запирање на мерките, да ги спречи истите. Советот не го изгласа решението на градоначалничката, и тука мислевме дека таа борба заврши и конечно ќе се пристапи кон имплементација на овие мерки. Но, во ироничен пресврт на настаните, 30 секунди потоа, советот не собра доволно број на гласови да ги потврди мерките кои пред месец дена ги изгласа. Со тој чекор, практично сега мерките на ЗХГ како да никогаш не постоеле. Среќа загадена 2024 година скопјани, подарок од градоначалничката и мнозинство членови на советот на Град Скопје, кои повторно не успеаа да го зачуваат јавниот интерес. ЗХГ ја продолжува борбата, и нема да дозволиме здравјето да ни го одземат, реагираат од ЗХГ.

Би можело да ве интересира

Граѓаните протестираат, партиите кои се менуваат на власт се обвинуваат за загадувањето

Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето

Катерина Ѓуровски

Приватните превозници ќе добиваат надоместок по остварен километар

Во Скопје протестен марш против аерозагадувањето

А1он

Совет на Град Скопје: Арсовска да достави измени на одлуката за вредноста на надоместокот во линискиот превоз на патници

Вонредна седница на Совет на Град Скопје за барањата на приватните превозници

Катерина Ѓуровски