Зекири во посета на Теарце: Концептот „Едно општество“ ги отвора перспективите кон ЕУ И НАТО

Од:

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири вчера беше во посета на општина Теарце , на средби со граѓаните на оваа општина, симпатизери и поддржувачи на СДСМ.

Со присутните разговараше за досегашните спроведени мерки на Владата со кои се обезбедува повисок животен стандард и подобар живот за сите граѓани.

-Една од целите на оваа Влада предводена од СДСМ која што веќе е постигната е градење на едно општество без поделби и дискриминација по каква било основа. Ставање на крај на поделбите помеѓу граѓаните и подобар живот за сите. Токму со концептот „Едно општество за сите “ ги надминавме поделбите и ја зголемивме довербата меѓу заедниците – истакна Зекири.

Зекири посочи дека граѓаните се обединија околу стратешките цели, враќањето на демократските вредности и интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

Тој разговараше и за спроведените мерки кои што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, повисок економски раст и нови инвестиции.

Зголемената минимална и просечна плата, намалените трошоци за живот со враќањето на ефтината тарифа на струјата, укинувањето на радиодифузната такса, навремената исплата на субвенциите на земјоделците, новите инвестиции и новите работни места се дел од мерките од спроведените мерки од „Планот за живот“ преку кои се подобрува животниот стандард на граѓаните.

Највисокото раководство на СДСМ продолжува со секојдневни средби со граѓаните со цел отворено да се разговара и дебатира за најважните прашања кои се од интерес на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат