(ВИДЕО) Зекири: Во извештајот за Јанева немаше „не знам што“, жалиме што седницата не беше отворена

Од:

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири по едногласно утврдениот предлог до Собранието за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева рече дека очекува едногласно да биде донесена и одлуката во парламентот.

„Чекаме од Талат Џафери да ја свика пленарната седница за гласање по заклучокот. И ние како партија жалиме што седницата не беше отворена за јавност, но не треба да бидете загрижени дека има ‘не знам што’ во извештајот. Се надеваме дека многу брзо ќе почне судскиот процес и ќе се расчисти маглата околу овој случај“, изјави пратеникот Мухамед Зекири по завршувањето на седницата на Комисијата.

За тоа дека негови сопартијци се повикани на распит во судот за случајот „Рекет“, Зекири рече дека дел од процедурата е да бидат повикани, а истрагата ќе покаже дали некој е вмешан.

Комисијата за избори и именувања едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена за случајот „Рекет“.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on