Зекири излезе од Инфективна: Крајно време е луѓето да се освестат за вирусот

Од:

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири на Фејсбук објави дека ја напуштил Клиниката за инфективни болести и дека со неговото семејство се дома и, како што вели, живи и здрави.

Со ФБ-статусот Зекири им се заблагодари на докторите и медицинскиот персонал од Клиникатата кои биле со нив, како што вели, во најтешките времиња и 24 часа во служба на хоспитализираните пациенти.

Порачува и дека само со сериозен пристап кон алармантната ситуација низ која поминува општеството, со свест и совест, може да се спасиме себеси, блиските и други недолжни луѓе.

– Искрено посакувам ниту еден од вас да не мора да помине низ тоа што го поминав јас со моето семејство. Тоа не би му го посакал ниту на мојот најголем непријател. На оние кои и натаму мислат дека вирусот не постои и сѐ уште имаат несериозен пристап кон Ковид-19, сакам да им порачам дека е крајно време да се освестат, напиша Зекири на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски