Зечевиќ: Солидарноста и државотворноста се постулатите на СДСМ

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ денеска ги продолжува теренските активности и посети на градовите и општинските организации на партијата ширум земјава.

Зечевиќ попладнево одржа работен состанок со членовите на општинската организација на СДСМ во Тетово, каде со присутните разговараше и за повеќе актуелни теми.

Зечевиќ порача дека државотворноста и солидарноста се постулати на СДСМ, а европските вредности, визијата и државничките одлуки се одликата на четирите букви на партијата. Да се биде дел од СДСМ, додаде Зечевиќ, значи да се биде на вистинската страна, да се носат државнички одлуки и политики.

-Државотворноста и солидарноста се наши постулати. Со гордост може да кажеме дека 31 години СДСМ е на вистинската страна на историјата и на македонската држава. Затоа придонесот на секој поединец од партијата го вреднуваме, затоа што секој член на СДСМ е вграден во тие процеси кои се државнички, рече Зечевиќ.

Како партија која почитува на вредностите на НОБ и антифашизмот, наша следна цел, следна политичка борба, на оваа генерација македонски политичари е полноправно членство во ЕУ. Како Македонци, со заштитен македонски јазик и идентитет. Тоа е концептот за Европска Македонија кој денеска е современ, вистински патриотизам, додаде Зечевиќ.

Генералниот секретар на СДСМ потенцираше дека СДСМ е консолидирана и повторно на победничките патеки.

– СДСМ е повторно на победничките патеки и целосно консолидирана. Резултатите од вонредните локални избори го потврдија тоа. Убедливо победивме во Маврово и Ростуше и Центар Жупа а овде во Тетово ја намаливме разликата со ВМРО-ДПМНЕ додека соодносот на советници го задржавме. Победата на овие вонредни избори, според бројот на освоени гласови во сите три места каде што се случија испраќа порака дека кај граѓаните е јасно издиференцирана потребата да се отфрлат блокади и деструкции и да се поддржат државнички политики, рече Зечевиќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски