Здружението на приватни лекари бара и ФЗОМ да добива пари од акцизи

Од:

Здружението на приватни лекари бара и Фондот за здравство да добива пари од акцизите за алкохол. Претседателката на Здружението д-р Лилија Чолакова Дервишова денеска на прес-конференција изјави дека приватните лекари предлагаат половина од акцизата да ја добие ФЗОМ, а половина Министерството.

Според Чолакова Дервишова нивниот предлог ќе ја подобри работата на ФЗОМ и услугите кои тој ги нуди.

Акцизата од алкохол и цигари ќе придонесе и за редовна исплата на месечниот надоместок кој го добиваат лекарите од приватното здравство.

-Матичните лекари 20 години добиваат капитација. Зошто да не направиме позитивни чекори во таа насока и да се изедначи приватниот со државниот сектор бидејќи тие добиваат редовно плата, а ние деновиве ќе добиеме за март, а сега сме јуни, потенцира Чолакова Дервишова.

За неполн месец ќе почне примената на изменетиот Закон за здравствена заштита. Еден денар од литар пиво и 40 денари од увезен чист алкохол ќе одат во касата на Министерството за здравство. Според предлогот на министерот, овие пари ќе се трошат за превентивни програми.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем