Здружението „Кочански рибар“ со концесија за рекреативен риболов на браната Градче

Од:

По двегодишно барање спортското риболовно здружение „Кочански рибар“ конечно ја доби концесијата за рекреативен риболов на браната Градче. Секој што ќе сака да врши спортски и рекреативен риболов ќе мора да се обрати до здружението.

– Во текот на следната недела ќе стартуваме со продажба на дневни и годишни карти. Информативно може секој кој што сака да си извади дозвола да дојдат во продавниците за риболовна опрема во Кочани. Во недела организираме и работна акција за чистење на сметот околу водата на крајбрежјето на браната, изјави Димитар Димитров, претседател на спортското риболовно здружение „Кочански рибар“.

Заради непостоење на концесионер браната Гратче две години беше забранета за риболов. Рибарите од Кочани членови на здружението „Кочански рибар“ бараа добивање концесија за риболов на оваа брана со цел да си имаат свое катче за риболов, а не да одат на други брани. На тој начин ќе го промовираат и местото и ќе се рекреираат рибари.

Спортското риболовно здружение „Кочански рибар“ постои три години и е едно од поголемите здруженија во Македонија, кое брои повеќе од 400 членови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот