Здружението „Бедем“ со остра осуда на изјавата на Заев

Од:

Здружението на безбедносните сили „Бедем“ денеска остро ја осуди изјавата на Зоран Заев, новиот председател на СДСМ, во која говори за бранителите и за припадниците на поранешната „ОНА“.

Претседател на „Бедем“, Горан Димовски изјави дека на Заев очигледно не му е доволно јасно кој во 2001 година ја бранеше Република Македонија, кој го чуваше територијалниот интегритет и суверенитет.

– Недозволиво е тој да го нарекува Законот за посебни права на бранителите за политичка грешка и решавањето на бенефициите на оние кои ја штитеа Македонија, да го става во пакет со некакви права на оние кои ни ја напаѓаа државата. Кој е Зоран Заев да го погазува нашето достоинство и достоинството на оние кои ги дадоа своите животи за оваа држава.Тој мора итно да се извини за својата изјава, рече денеска претседател на „Бедем“, Димовски.

Според него, таа изјава е срамна и со неа длабоко ги навредува бранителите.

– Му порачуваме на Зоран Заев дека ние сме патриоти, и за разлика од него не се срамиме од тоа. Такви сме биле и кога на Македонија и било најтешко , такви ќе останеме и во иднина, изјави претседател на „Бедем“, Димовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни