А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Здружение на доктори по дентална медицина: За месеците на криза на сите ПЗУ во мрежата да им исплатува иста сума по тим на солидарен принцип

by А1он28/03/2020 - 16:01498
Share0

„Ја поздравуваме Одлуката на министерот за здравство за времено прекинување на редовната работа на стоматолошките ординации поради пандемијата со COVID -19 . Ваквата Одлука Министерството ја донесе согласно одредбите од Законот за здравствена заштита кои се однесуваат на работа на Министерството и здравствените установи во вонредни околности . Конкретно е применет и Член 213 од Законот, спрема кој работата на ЗУ од областа на стоматологијата се приспособува за работа во вонредни околности и тоа во организација и координација со Здравствените домови на територијата на Државата. Сосема е извесно дека во доста здравствени домови постојниот број на тимови кои пружаат итна стоматолошка заштита во нормални услови нема да можат да ја извршуваат работата во ново настанатата состојба и потребата од ангажирање и на тимови од ПЗУ ќе биде неминовна. Согласно Законот, во услови на вонредна состојба министерството може да ги ангажира сите постојни кадровски потенцијали таму каде што е најпотребно“, пишува во соопштението од Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина

Добивај вести на вибер

Затоа , почитувани колеги да бидеме спремни да помогнеме на Здравствените домови со својот кадар , па и со своите ординации ако за тоа добиеме налог од Министерот . Впрочем за вакви мерки и вакво приспособување на работата на стоматолошката служба, ЗПЗСУ ПДДМ се залагаше и јавно предлагаше уште пред десетина дена. Секако дека примарна задача и цел на сите нас како здравствени работници е професионално да ја извршуваме својата работа и да им помогнеме на пациентите да не страдаат од акутно појавените болни состојби , максимално да се заштитеме од ризикот на заразата со вирусот , но и да спречиме ширење на вирусот преку нашата работа . Истовремено треба да бидеме спремни ако епидемијата добие неочекувано поголеми димензии , согласно Член 285 од ЗЗЗ , некои од нас да бидат распоредени и на други задачи при справување со епидемијата , односно задачи кои не се поврзани со нашата редовна дејност. Епидемијата ќе помине, сите ние се бориме да се плати најмалата цена со човечки загуби, тешко е да се прогнозира точно таа цена , ама цената која ќе ја плати цело општество на економски и социјален план со игурност ќе биде висока. Во услови кога сите дејности ги најавуваат своите загуби и бараат помош преку мерките кои ги превзема Владата, мораме и ние да ги истакнеме финансиските импликации врз ПЗУ поради кризата со корона вирусот. Прво, поголемиот број на ПЗУ во мрежата имаат мал број на пациенти и приходите по основ на капитација не овозможуваат исплата ни на минимална плата за вработените , а да не збориме и за фиксните месечни расходи . Во услови кога ординациите не работат , овие ПЗУ не се во состојба да остварат никакви дополнителни приходи , кои во нормални услови донекаде ја ублажуваат матерјалната состојба“ се додава во соопштението од Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина

„Поради тоа уште еднаш го актуелизираме предлогот на Здружението доставен до ФЗО , за месеците на криза на сите ПЗУ во мрежата да им исплатува иста сума по тим на солидарен принцип , се разбира освен на оние кои ќе бидат ангажирани со активна работа во приспособени услови во вонредни околности. Второ , да не ги заборавиме ПЗУ од областа на стоматологијата кои работат надвор од мрежата. Тие ќе бидат и најтешко погодени од кризата во матерјална смисла , бидејќи нивниот извор за економски опстанок се само средствата наплатени од пациентите за извршени услуги. Во овие услови услуги не можат и не треба да прават , а треба да преживеат . За нив мора да бараме помош преку општите мерки на Владата за ублажување на финансијските штети од епидемијата кај други дејности . Најблиско за споредување се штетите во туризмот и угостителството . Не располагаме со точни податоци колку ПЗУ и со колку тимови работат надвор од мрежата. Ваков податок баравме од Министерството, ама за жал не го добивме . Затоа ги молиме сите колеги основачи на ПЗУ кои работат надвор од мрежата , да се пријават на Мејлот на Здружението или на Фејзбух страната на здружението . Сакам да ги слушнеме и нивните предлози. Истото важи и за ПЗУ заботехнички лаборатории , кои ќе доживеат финансијски колапс, бидејќи и тие опстојуваат исклучиво со своите услуги . И за нив сме должни да бараме какво такво санирање на состојбата , па затоа ги молам да се пријават на иста адреса. Трето , уште еднаш упатувам апел до ФЗО да го замрзне процесот на промена на матичен стоматолог за време на вонредната состојба и кризните месеци. Четврто , уште еднаш упатувам апел до раководството на Стоматолошката комора да не молчи по предлогот на Здружението за ставање на мораториум на КСУ за 2020 год. и сите доктори стоматолози да добијат по 20 едукативни бодови , потребни за обновување на лиценцата за работа“, пишува во соопштението.

koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен