Здравството се подготвува за мајмунски сипаници, се преговара за набавка на посебни ПЦР-тестови

Од:

Здравствениот систем се подготвува за евентуална појава на мајмунски сипаници и кај нас, извести денес Комисијата за заразни болести.

dobivaj vesti na viber

Доктор Злате Мехемдовиќ, портпарол на Комисијата, соопшти дека Институтот за јавно здравје преговара за набавка на посебни ПЦР-тестови за дијагностицирање.

„Комисијата покажа загриженост за мајмунските сипаници, има ширење надвор од оние ендемични басени, како што се Централана и Западна Африка. Целта на Комисијата е да го подготвиме системот колку е можно подобро за да одговориме на евентуална епидемија и во нашата земја. Затоа, денес, на Комисијата беа дискутирани клиничките патеки за следење, скрининг, дијагностика и третман на пациентите што ќе бидат евентуално заболени од мајмунски сипаници и што би требало понатаму да се преземе за тие патеки да бидат точно дефинирани и да можеме да имаме поподготвен здравствен систем“, рече Мехмедовиќ.

Патеките сè уште не се прецизно дефинирани, Мехмедовиќ најави дека ќе ги соопштат во моментот кога ќе бидат целосно утврдени. Мајминските сипаници се потврдуваат со посебен ПЦР за чија набавка Институтот за јавно здравје почнал преговори.

„Вирусот, иако во светот постои половина век, ретко се наоѓаше на овие простори и нема многу податоци за дијагностичките процедури, сите земји имаат проблем да обезбедат дијагноза и третман. Институтот за јавно здравје е во преговори за набавка на китови за дијагностицирање преку ПЦР-тестирање, но посебни ПЦР-тестови. Со СЗО се разговара и за набавка на терапиите што може да бидат земни предвид, тоа се вакцините и ‘тековиримат’, оној лек што е специфичен за мајмунските сипаници“, вели Мехмедовиќ.

Од денес на интернет-страницата на Институтот за јавно здравје е достапен информативен памфлет за начинот на кој се пренесува болеста и за тоа какви симптоми се појавуваат.

„Се работи за болест за која е претежно е карактеристична промена на кожата во форма на егзема. На почетокот може да бидат во форма на макули, мали избабнувања, потоа меурчиња, кои може да станат гнојници, на крајот стануваат лушпи. Придружно се јавуваат симптоми, како покачена температура над 38,5, болки во мускулите, болки во грбот и генерална малаксаност на телото. Симптомите не се разликуваат од другите вирусни инфекции или вируси, кои се поврзани со сипаниците“, објасни Мехмедовиќ.
На денешниот состанок Комисијата дала и препорака, место ПЦР-тест, за операции да се користат брзите тестови, кои им се достапни на сите здравствени установи, а истовремено ги задолжила комисиите за интерхоспитални инфекции да изготват протоколи во согласност со препораките на Комисијата за употреба на брзите тестови.
„Информациите што ги добив од Министерството за здравство се дека околу 1.000 антигенски тестови практично ѝ се достапни на секоја здравствена институција, која може да ги користи во кое било време. Резерви има. Граѓаните не треба да купуваат тестови, може да ги добијат во самата здравствена установа во која се упатуваат на дијагностика и на дополнителни процедури“, рече Мехмедовиќ.

Од пациентите што треба да бидат сместени во болница за дијагностика или операција сега се бара да приложат негативен ПЦР-тест направен еден ден пред сместувањето во болница.

Би можело да ве интересира

Во Грција потврдени вкупно седум случаи на мајмунски сипаници

СЗО: Пренесувањетo мајмунски сипаници сега ги загрозува и високоризичните групи

А1он

САД ја зајакнува кампањата за вакцинирање против мајмунски сипаници

Ана Ололовска

ЕУ на земјите членки почна да им испорачува вакцини против мајмунски сипаници

А1он

Албанија ги набави првите тестови за мајмунски сипаници

А1он

Мајмунските сипаници добиваат ново име