Здравство: Измените на Законот за здравствена заштита се во собраниска процедура

Од:

Министерството за здравство информира дека измените на Законот за здравствена заштита за преземање во јавно здравство, на медицинските сестри кои претходно работеле во приватни здравствени установи, основани под закуп во здравствените домови, заради затворање на ПЗУ и во меѓувреме останале без работа, се во собраниска процедура.

Во измените на Законот e внесена oдредба согласно која медицинските сестри, кои ќе останат без работа може да бидат преземeни во јавни здравствени установи, информираат од министерството.

Оттаму додаваат дека овие законски измени, кои сега се уште се во собраниска процедура, пред две недели се усвоени од Владата.

„Владата ги усвои измените на Законот за здравствена заштита, со можност за преземање здравствени работници со високо образование, стоматолози и фармацевти од приватните во јавните здравствени установи без распишување оглас. На овој начин ќе се пополнат празните работни места на здравствените работници, со пократки процедури“, стои во соопштението на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска