Здравствените власти почнаа да го користат новиот алгоритам за пациенти оздравени од Ковид-19:

Од:

Од денеска e во функција новиот алгоритам за оздравување на пациенти заболени со Ковид-19, кој се однесува на пациентите на домашно лекување, а не на хоспитализираните пациенти, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Согласно новиот алгоритам, еден пациент, доколку е асимптоматски во период од 10 дена , ќе се смета за оздравен на 11-от ден, вели Филипче. Доколку пациент имал симптоми во текот на болеста, ќе се смета за оздравен по истекот на минимум 20 дена, односно 21 ден само во случај ако последните три последователни дена немал симптоми на болеста.

За прв ден на заболување се зема денот на првиот потврден позитивен тест. Пристап до статусот на пациентите во Мој Термин ќе имаат епидемиолозите во Центрите за јавно здравје (ЦЈЗ), вели министерот за здравство Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник