Здравствениот инспекторат бара проверка на стручноста на лекарите за смртта на родилката од Охрид

Од:

Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршил вонреден инспекциски надзор во здравстените установи каде е породена и лекувана родилката од Охрид која пред неколку дена почина на скопските клиники. Инспекторатот не констатирал недостатоци, но иницира спроведување на стручен надзор над работата на здравствените работници кои учествувале во породувањето и натамошниот третман на пациентката.

„Пациентката М.Т. на ден 11.06.2019год во 04.15мин. примена е на одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница Охрид, со прснат воденик во 38 гестациска недела. По направените испитувања по протокол, поставена е индикација за оперативно завршување на раѓањето. Оперативниот тек бил уреден, без компликации, родено е живо женско бебе, со родилна тежина и должина 2130гр/46см со добри витални параметри. Раниот постоперативен период на пациенката уреден, се до утрото 16.06.2019год, петти постоперативен ден, кога од страна на дежурниот, забележан е оскуден серозен исцедок од раната, заради што е извршена тоалета на раната. Во текот на денот направени и се лабораториски испитувања и дијагностички процедури. Наредниот ден заради влошена здравствена состојба и врз основа на конзилијарно мислење, пациентката со медицинска екипа и возило од ЈЗУ Општа болница Охрид се транспортира на клиники во Скопје.

Во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство пацинтката М.Т. донесена e на ден 17.06.2019год. во 14:00 часот, прегледана, земена е нова лабораторија и со сите претходни анализи пратена е на конзилијарен преглед од абдоминален хирург. Во 18:30 часот, пациентката е вратена на ГАК, направен е запис за прием на оделот за анестезија и реанимација. По спроведени повеќе дијагностички и лабораториски испитувања, заради локален наод на оперативно поле на клиниката направена е ревизија и обработка на флегмонозната рана, дадена е јака антибиотска терапија, аналгетици, антикоагуланси, антиеметици и гастропротективна терапија.

И покрај преземените дијагностички и терапевтски мерки, состојбата на пациентката се влошувала така што на ден 20.06.2019 год. во 14,00 часот е примена на понатамошен третман и евалуација на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ со дисрупција на рана од царски рез. На прием пациентката е со немерлива тензија, ниска сатурација, во крајно тешка општа состојба. Веднаш е поставена на механичка вентилација и пристапено кон поставување на централен венски катетер. За кратко време настанува брадикардија, асистолоја по што е пристапено кон реанимација по сите протоколи, но пациентката не реагира на реанимацијата и настапува смрт во 15.30 часот“ стои во соопштението од ДЗСИ.

Би можело да ве интересира

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Ќе се формира стручна Комисија за случајот со починатата родилка од Делчево

Почина родилка од Делчево на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје

Горан Наумовски