Здравствениот дом во Пробиштип е прв гасифициран објект во регионот

Од:

Со донацијата од САД комплетно се реновирани просториите и влезот во итната медицинска помош, а Здравствениот дом во Пробиштип е гасификациран и променета е покривната конструкција на објектот. За таа цел денеска Здравствениот дом во Пробиштип го посетија министерот за здравство Венко Филипче, генерал-мајор Грегори Најт и вршителот на должност амбасадор на САД Ерик Мајер.

Министерот Филипче се заблагодари за помошта којашто во континуитет ја добиваме од нашиот, како што рече, најголем и најважен стратешки партнер САД, во делот на менаџирање на ковид кризата, но и генерално во изминатите повеќе од 20 години, посебно во секторот здравство.

-Од почетокот на кризата помогнаа на Министерството за здравство со донација за нас многу битна во форма на лична заштитна опрема, заштитни маски, медицинска опрема, посочи Филипче.

Министерот Филипче му посака добредојде на новиот заменик амбасадор, претставникот на Американската војска и им се заблагодари на сите претставници на тимот кои работеа на овој проект.

-Овој проект е дел од една серија на проекти за зајакнување на здравствените институции во нашата земја и по Клиниката за неврологија, Детска хирургија, болницата во Демир Хисар, ургентниот центар во болницата „Осми Септември“, ова е проект којшто е сега завршен и значи целосна енергетска ефикасност во делот на реконструкцијата на покривот и гасификација, со што овој објект е прв објект во Пробиштип којшто користи течен гас за затоплување и со ова е решен проблемот со загадувањето во овој дел, рече Филипче.

Министерот за здравство информира дека ќе продолжи соработката и дека има тековни проекти. Се реконструира Клиниката за максилофацијална хирургија и треба да започне реконструкцијата на Клиниката за хематологија.

Генерал-мајор Грегори Најт нагласи дека се она што може да се види во Здравствениот дом во Пробиштип е резултат на повеќедецениска соработка, што резултира со успех во корист на граѓаните на Пробиштип.

– Имав можност да го воочам навистина импресивниот одговор на Северна Македонија во ковид пандемијата, како и за реализираните донации кои доаѓаат од Владата на САД. Нашата амбасада овде ја покажува широкоградата соработка и посветеноста која ја имаме за граѓаните на Северна Македонија. Со нетрпение ги очекувам и наредните 20 години партнерство со оваа земја, изјави генерал-мајор Грегори Најт.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска