Здравствени прегледи во општина Бутел по повод „8-ми Март“

Од:

Со предавање за зголемување на свеста за континуирана заштита на здравјето на жената и здравјето на семејството, како и со здравствени прегледи кои опфатија тумор маркери, физичко прегледување на градите, проверка на шеќер и маснотии во крвта, општина Бутел денеска им го честиташе 8-ми март на жените од општината.

На настанот насловен „Вистинска грижа за жените, еден поинаков 8-ми март“, градоначалникот Велимир Смилевски во партнерство со невладината организација АЛ-МА од Скопје на присутните преку 200 жени во големата сала на општина Бутел им го честиташе празникот и порача дека на жените треба да им припаѓаат сите 365 дена во годината.

Доктор Филип Богоевски од здравствената установа „Превемет“ која беше задолжена за денешните здравствени прегледи, изрази големо задоволство од одѕивот на жените и нивната подготвеност за превентивни прегледи.

Тој на предавањето се фокусираше на важноста од редовно одење на гинеколог и за самопрегледите што треба да си ги прават жените, за неопходноста од редовното правење на ЕХО прегледите, мамографските прегледи на дојка, ПАП тестовите и др.

Би можело да ве интересира

За смртта на пешакот во Бутел ќе одговараат и двајцата возачи – заобиколил возило, минал на црвено, возеле брзо

Мемет Камбер после 22 дена ќе биде достојно погребан на гробиштата во Бутел

Орце Костов

Посебен режим на сообраќај утре и в сабота околу гробиштата во Бутел, во Ѓорче Петов и во Камник

Грабежот во обложувалница е во Бутел – со вперено оружје го одзеле прометот

А1он

Костовски: Арсовска се чуди како сум можел да бидам против нејзе, нека не се чуди, јас секогаш ќе бидам на страната на народот

Ана Ололовска

Арсовска: Ги отфрлам лагите кои ги изнесе градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски

Ана Ололовска