Здравствен работник од Берово е втората жртва од Ковид-19 во Малешевијата

Од:

Здравствен работник од Берово е втората жртва од Ковид-19 во Малешевијата. Станува збор за пациентка на возраст од 57 години која по позитивниот тест пред повеќе од 48 часа, заедно со нејзиниот сопруг, кој исто така е здравствен работник биле примени во болница.

Според информации од лица блиски на пациентите, во текот на вчерашниот ден состојбата на пациентката се искомплицирала по што починала. Според истиот извор и лица со кои контактирал, нејзиниот сопруг е во добра здравствена состојба.

Позитивен на Ковид-19, како што додаваат, е и нивниот син кој е без симптоми.

За помош на семејството, како што информираат граѓани, во тек е хуманитарна акција за собирање парични средства.

-Се работи за исклучително пожртвувани здравствени работници кои нема на кого не помогнале, поради што со помош на локалните портали е организирана и акција за собирање парична помош за семејството, информираа граѓани.

Во Берово заклучно со денешниот ден има 8 активни случаи кои се позитивни на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

(ВИДЕО) Ружински: Предвидуваме трајно решение за проблемот со улицата „Илинденска“ во Берово

„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

А1он