„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

Од:

Набавка на дрон специјализиран за мерење на квалитетот на воздухот, вработување на 5 инспектори за животна средина, техничка и теренска ревизија на сите издадени „А“ и „Б“ дозволи, како и сите постоечки елаборати за заштита на животната средина, зголемен буџет за заштита на животната средина, обезбедување материјални средства за 100 проби во акредитирана лабораторија, поставување камери на дивите депонии и јавно објавување и отчет за работата на инспекторите во општината, побараа од денешниот протест против аерозагадувањето од Здружението „Здрава котлина“, кој се одржа во центарот на градот пред крстосницата на ТЦ „Глобал“ во Струмица.

Покрај тоа, од сите пратеници од струмичко во Собранието побараа да поднесат иницијатива за итна измена на Законот за индустриски емисии со бришење на деловите каде се дозволува деловна тајна за процесите на емисија, законска можност за загадување повеќе од дозволеното, како и вметнување на обврската за сите „А“ и „Б“ интегрирани еколошки дозволи за воспоставување автоматски континуиран мониторинг со постојана видливост на резултатите.

-Ако овие наши барања не се исполнат во најкус можен рок, ќе продолжиме со протести и блокади се до остварувањето на нашите барања. Струмица има право да дише. Сакаме чист воздух, порача Оливера Аризанова Мансбарт од „Здрава котлина“.

Пред насобраните граѓани се обратија повеќе активисти и граѓани, кои алармираа за состојбите со аерозагадувањето во Струмица, притоа потенцирајќи дека едвај педесетина денови во годината градот не е загаден и дека постојано ги зазема највисоките места во домашните и европските мерења по загаденост.

Денешниот протест се одржа под мотото „Излези. Застани. Зборувај за себе. За своите деца. За здравјето. За иднината“.

Инаку, „Здрава котлина“ и лани во февруари и јули организираше протести против аерозагадувањето.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски