Завршуваат третата и четвртата фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“

Од:

Општина Центар во наредните денови ќе ги заврши третата и четвртата фаза од целосната реконструкција на улицата „Орце Николов“.

„Двете фази го опфатија делот од раскрсницата со улицата „Наум Наумовски – Борче“, до првиот влез на Министерството за одбрана. Во овие две фази стариот и оштетен коловоз е заменет со нов, високо-квалитетен асфалт, реконструирани се тротарите, изведени се нови велосипедски патеки и изведено е паралелно паркирање. Поставено е ново, енергетски ефикасно ЛЕД осветлување, изведена е нова водоводна и атмосферска канализација, а обновена е и топлотната мрежа“, соопштува Општината.

„Во претходните фази се реконструираа коловозните, пешачките и велосипедските површини, поставено е ново ЛЕД-осветлување и воведен е нов систем за модернизација на јавното осветлување. Во првата и втората фаза е поставена нова атмосферска канализација и вертикална сигнализација, ослободени се јавните површини и воведен е нов кружен тек на најкритичната точка на улицата за намалување на сообраќајните незгоди на овој потег, смирување на сообраќајот и зголемување на безбедноста на улицата „Орце Николов“.
Со завршувањето на градежните активности на овие две фази, на крајот на септември ќе започне реконструкцијата на петтата, претпоследна фаза од реконструкцијата на улицата“, се наведува во соопштението на Општина Центар.

Реконструкцијата на „Орце Николов“ опфаќа површина од вкупно 7.182 метри квадратни и се очекува да биде готова во јули. Целиот зафат ќе чини 64.847.608, 47 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Центар, информираат оттаму.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Општина Центар не знае колку згради се градат во моментов, нема ниту градежен инспектор да ги брои

А1он

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Ќе се проценуваат ризиците од свлечишта и нестабилност пред планот за Барутана да оди на гласање, ветува Герасимовски

Катерина Ѓуровски

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он