Завршува забраната за движење на тешки товарни возила во Скопје

Од:

Од утре прекинува да важи забраната за движење на тешки товарни моторни возила на подрачје на град Скопје, односно на оние возила чијашто најголема дозволена маса надминува 15 тони, соопштија од Градот.

Екипите на ЈП„ Улици и патишта“, како изведувач на работите, по налог на Град Скопје, во текот на денешниот ден ги отстрануваат сообраќајните знаци кои беа поставени за временото ограничување и пренасочување на товарниот сообраќај, односно (времената сообраќајна сигнализација), со цел безбедно и непречно одвивање на сообраќајот по уличната мрежа на  град Скопје.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан