Завршува вториот дел од реконструкцијата на улицата „Народен Фронт“

Од:

Општина Центар го завршува и вториот дел од улицата „Народен Фронт“ во населбата Капиштец.

„Со реконструкцијата целосно се уредува коловозот, на површина од вкупно 11.542 метри квадратни, а опфатени се и трите краци на улицата кои минуваат помеѓу зградите. Покрај коловозот, на „Народен Фронт“ се реконструираат и подигнатите пешачки платоа за смирување на сообраќајот и поголема безбедност, се воведува резидентно паркирање за станарите и ќе биде поставено ново енергетски ефикасно ЛЕД улично осветлување“, информира Општина Центар.

„Со завршувањето на градежните активности на вториот дел, ќе започне третата и финална фаза која ќе биде готова на почетокот на октомври, а граѓаните ќе добијат нова и безбедна улица во еден од најгусто населените делови во Општина Центар“, се додава во соопштението на Општината.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

Герасимовски: И во вториот мандат политиката ќе биде целосно тргната на страна

А1он

(ВИДЕО) ЗНАМ: Ресторан „Мечка“ се шири, градоначалникот Герасимовски без глас

А1он

Општина Центар: Вандализирана новата теретана и фудбалското игралиште во Паркот на франкофонија

Предраг Петровиќ

Најголемата постигната цена за стан по метар квадратен е во општина Центар