Завршува асфалтирањето на улиците Коле Неделковски и Стефан Јакимов Дедов

Од:

Со заменување на стариот и дотраен асфалт и поставување на нов, со вкупна површина од 685 м2, општина Центар ја завршува реконструкцијата на улиците Коле Неделковски и крак од Стефан Јакимов Дедов, во близина на основното училиште “Јохан Хајнрих Песталоци“.

„По повеќе од 10 години, на улиците поставен е нов долен строј и нова атмосферска канализација. Извршено е нивелирање на постоечките шахти и пристапите до влезовите на домовите на граѓаните се во целост обновени.

Наредни во програмата за реконструкција на улици во општина Центар се улиците Димитар Пандилов, Ѓуро Ѓоновиќ, Ганчо Хаџипанзов и улицата Караорман“ се вели во соопштението на општина Центар.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан