Завршри Меѓународната пролетна школа „Етнографија на социјализмот“

Од:

Со презентација на теренските истражувања на студентите беше затворена втората Меѓународна пролетна школа „Етнографија на социјализмот“ која се одржа во изминатите десет дена во манстирскиот комплекс св.Јоаким Осоговски, Крива Паланка.

Школата е во организација на Институтот за етнологија и антропологија при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје, а се реализираше со поддршка од Локалната установа Градски музеј и општина Крива Паланка.

Според Љупчо Ристески, професор на Институт за етнологија и антропологија при УКИМ, етапно се остварува целта школата да стане дел од културниот и образовниот живот во Крива Паланка, со интенции школата да прерасне во препознатлив стил на градот.

На годинашната школа учествуваа триесетина студенти од Северна Америка, Канада, Западна и Источна Европа, а програмата ја спроведоа десетина професори од регионот и Европа чијашто специјалност е социјализмот, наративи, споменици, колективни сеќавања поврзани со овој период.

Школата опфати неколку предавања со важни резимеа од темата на социјализмот и четири курсеви за: антрополошки приод во разбирањето на социјализмот, методологија и техники на истражувачка работа, визуелизрање на социјализмот со идеи за правење интерактивна мапа на Крива Паланка со разни места на сеќавања од времето на социјализмот и аудио-визуелни податоци, како и разбирање на политичката економија и општеството во социјализмот.

Според организаторите изминатите десет дена се направени детални истражувања за овој период, на студентите им беше понудена образована содржина поврзана со социјализмот за различни аспекти од општествениот живот, политиката и многу други секојдневни аспекти како и посредна комуникација и работа на терен со граѓаните на Крива Паланка како живи информатори од кои се исцрпени многу детали за социјализмот.

Би можело да ве интересира

Филипче: Сашко ќе добие уште еден мандат во Крива Паланка

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка