Завршните зборови за тужбата на Цветковски против СДСМ и Заев одложени за петок

Од:

Одбраната на тужените по приватната тужба на Виктор Цветковски за неовластено снимање и објавување аудио снимки, во кои тужени се претседателот на СДСМ Зоран Заев, правното лице СДСМ, Дамјан Манчевски и претседателот на општинската организација на СДСМ, Мартин Костовски, денеска го повлече предлогот за сослушување на третообвинетиот Мартин Костовски на рочиштето во кумановскиот суд.

Наместо адвокатот на одбраната Мирослав Вујиќ поради присуство на јавна седница во Апелицискиот суд во Битола, адвокатот со заменичко полномоштвто, Оливер Ристовски побара завршните зборови да бидат изнесени на наредното рочиште.

Инаку, како што беше истакнато на рочиштето, уредно поканетите Заев, Мачневски и Костовски не се појавија во кумановскиот суд. Одбраната го повлече предлогот за сослушување на Костовски кој требаше да биде сослушан на денешното рочиште, откако на претходната главна расправа беа сослушани сведоците на одбрана Зоран Заев и Дамјан Манчевски.

Цветковски во изјавата за медиумите потенцира дека обвинетите се обидуваат да добијат дополнително време со одлагањето на рочиштето за завршниот збор, кое е закажано за овој петок. Според него, тоа е легитимно, но, вели, се користи секоја можност за добивање на време.

– Подготвени сме во петок да го дадеме завршниот збор во делот на кривичниот прогон што го имаме против СДСМ и првите луѓе на СДСМ кои што сметаме дека основано се осомничени за кривичното дело неовластено снимање и објавување на разговори, изјави Цветковски.

Рече дека врз основа на правниот аспект и доказите верува оти правото и правдата ќе победат и виновниците кои го сториле кривичното дело ќе одговараат согласно Кривичниот законик на РМ.

Цветковски, кој е генерален секретар на ГРОМ и поранешен функционер на СДСМ, ги тужи Заев, Костовски и правното лице СДСМ за објавување разговори меѓу него и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска водени во 2013-та година меѓу двата круга од локалните избори.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска