Завршна презентација на „Концепт28“ на Деспотовски пред граѓаните

Од:

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски на јавен настап и преку социјалните медиуми ги презентираше основите на неговата програма „Концепт 28“ и го повика членството да го поддржи на изборите во недела. Основна цел на неговата програма, како што презентираше Деспотовски е да се подобри квалитетот на живот на сите граѓани во земјава.

„Концепт 28 поаѓа од луѓето и нивните проблеми, и се потпира на луѓето. Поаѓа од многу конкретни мерки за тоа како да ги надминеме проблемите и како Македонија да ја направиме навистина пристојно место за живеење. Доста зборуваме за политичарите и политиките, време е да зборуваме за луѓето. Со оваа програма креираме политики и мерки за подобар живот и ниту еден човек нема да биде изоставен, истакна Деспотовски.

Според Деспотовски она што ја разликува оваа програма од другите е што фокусот е на тоа прво да се утврди какви луѓе се потребни на клучни позиции, а потоа да се зборува за “кој“ „Се фокусираме на тоа како наместо кој. Се фокусираме на тоа каков профил на човек за претседател на Влада ни треба. Не јас, не кадровско решение, туку каков. Да не ги прилагодуваме политиките на луѓето, туку луѓето и мерките да ги бираме според политиките кои треба да се спроведат“, истакна Деспотовски.

Еден од главните принципи на програмата на Деспотовски е директен избор на клучните луѓе во партијата од страна на членовите.

„Воведуваме систем во кој кандидатите за градоначалник и пратеник ќе се бираат од членовите, а не од раководството. Ова е единствениот начин како градоначалникот и пратеникот да бидат одговорни кон луѓето а не кон лидерот. Ја зајакнуваме отвореноста на СДСМ. Мора да ги научиме лекциите од минатото кога функционерите се отуѓуваа од луѓето што ги бираат. Нема повеќе простор за импровизации, нема „криење“ од јавноста, пријателите, соседите,“ рече Деспотовски.

Деспотовски најавува и воведување на систем на мерливост на резултатите од политиките.
„Во Концепт 28 поставуваме прецизни и мерливи резултати по кои ќе се мери учинокот на Претседателот на СДСМ, а истиот пристап ќе се воведе и за сите носители на јавни функции. Успехот во политиката, и на највисоките позиции, ќе се мери преку % на пораст на платите во однос на инфлацијата, преку % на пораст на вложувањата во здравството и образованието, преку % на природен прираст на населението. Само со мерливи резултати ќе можеме да кажеме што вистински сме постигнале,“ истакна Деспотовски.

Со неговата програма меѓу другото тој предлага и конкретни мерки за унапредување на демократските процеси во партијата, професионализација на партиските тела со цел поголема ефикасност и можности за едукација на кадри, особено на младите, како и воведување на култура на прифаќање и почитување на различни ставови и мислења.
Целата програма „Концепт28“ е достапна на следниот линк – https://bityl.co/A0Yg

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николова: Силјановска треба да се извини за навредите кон Пендаровски и Ковачевски

Горан Наумовски

СДСМ: Силјановска во матрицата на ДПМНЕ, ги навредува Пендаровски и Ковачевски и покажува нервоза

Горан Наумовски

СДСМ: Пендаровски и Ковачевски со план пред граѓаните, Силјановска и ДПМНЕ со навреди

(ВИДЕО) Ковачевски: Си ги знаеме грешките, пред граѓаните е изборот за европска иднина на државата

Каевски: ДПМНЕ го врати речникот од 27 април со нападите врз Пендаровски

СДСМ: ДПМНЕ го врати речникот од 27 април со нападите врз Пендаровски

Катерина Ѓуровски