Заврши увидот на местото на тројното убиство во Дебар

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар раководеше со увидот на лице место во семејна куќа во Дебар каде што, според првичните сознанија, беше извршено убиство на тричлено семејство – маж, жена и нивната 14-годишна ќерка.

Притоа, јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите лица, како и наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на лице место.

По наредба на јавниот обвинител беа земени парафински ракавици и беше извршен претрес во домовите на неколку лица со кои жртвите во последниот период поинтензивно контактирале, но се уште нема осомничен извршител на кривичното дело.

Дополнително, ќе бидат детално сослушани сите лица кои ги познавале жртвите и кои би можеле да помогнат за расветлување на случајот.

Би можело да ве интересира

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Уапсена e жена во Дебарско, предизвика пожар на сува трева

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Жена од Штип го принудила внукот да питачи во Дебар