Заврши тестирањето по странски јазик, задутре уште еден испит од државната матура

Од:

Екстерниот испит по странски јазик од државната матура денеска се реализирал без проблеми во сите средни училишта.

– Материјалот до сите училишта беше доставен навремено и испитите се реализираа согласно пропишаните правила и процедури, информира Државниот испитен центар. 

Најголем број од матурантите и оваа година се пријавиле за испитот по англиски јазик (15.353), германски јазик полагале 197 ученици, француски 114 и руски јазик 32 кандидати. 

ДИЦ во соопштението наведува дека во процесот на реализација на матурата во училиштата биле ангажирани околу 1400 наставници – тестатори и 200 набљудувачи.

Од годинашното полагање државна матура во јунската сесија останува уште еден испит – на 15 јуни по предметите: филозофија, бизнис, физика, хемија, историја, биологија и естетика.

Би можело да ве интересира

Јаневска очекува годинава да нема препишување при полагањето на матурата

Полагање на вториот екстерен испит од државната матура

Ученици од прва до четврта година принудени да плаќаат за наметки и капи за матурантите

A1on

Павиќевиќ: Виновни се и тие што препишувале и тие што дозволиле да се препишува

Ана Ололовска

ДИЦ: Тестови не се пробиени туку споделувани во вибер-групи откако почна испитот

Ана Ололовска

Втор дел државна матура – полагање на изборниот екстерен испит

Ана Ололовска