Заврши состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија, нема конкретни договори

Од:

Предлог-препораките за македонските учебници за VII одделение, како и за евентуални заеднички чествувања биле тема на разговор на 36. средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања што се одржа вчера и денеска во Скопје.

– Во врска со предлог-препораките повторно до израз дојдоа различните погледи и сфаќања. Што се однесува до евентуалните заеднички чествувања се разговараше принципилно, а не по конкретни предлози, соопшти македонскиот тим од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

Без оглед на различните пристапи и мислења, македонскиот тим од Комисијата, како што нагласуваат оттаму, настојува на проактивен курс, притоа залагајќи се за изнаоѓање конструктивни и одржливи решенија, базирани на позитивните европски практики, со заемно почитување на правото на различна перцепција кон минатото.

На средбата бил потпишан Записникот од 29. средба од февруари 2024 година и беше утврдена динамика за работа во второто полугодие.

Вчера кога беше најавен состанокот на Комсијата, како тема на разговор освен учебниците за седмо одделение во земјава, беше посочена и можноста за заедничко чествување на Гоце Делчев.

-Ќе разговараме за учебниците за VII одделение во Република Северна Македонија и за можноста за заедничко чествување на Гоце Делчев, изјави вчера претседателот на бугарскиот тим од Комисијата, Ангел Димитров.

Новиот состав на македонскиот тим од заедничката комисија беше избран од Владата на 10 септември 2024 година. Претседател на македонскиот тим во заедничката комисија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а покрај Митко Панов, членови во Комисијата се и Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски. Претседателот Ванчо Ѓорѓиев порано беше член на Комисијата, но, ја напушти во 2021 година. Одлуката да се повлече од Комисијата, како што изјави тогаш, е бидејќи се соочил со политички притисоци во нејзината работа.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година.

Досега комисијата усвои препораки за заедничко чествување на пет историски личности – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто оделение во Македонија и за пети клас во Бугарија.

Би можело да ве интересира

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Филипче и Заев преку државните институции и правосудството под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност