Заврши скринингот за коронавирус во детската градинка во Кичево, сите вработени негативни

Од:

Детската градинката „Олга Мицеска” во Кичево е меѓу првите во земјава што успеа да го заврши тестирањето за коронавирусот на сите 63 вработени кои работат во трите нејзини објекти и сите вработени се негативни на тестирањето, информира директорот Садик Ахмети.

Извршена е и целосна дезинфекција на објектите, како и набавка на средства за одржување на хигиената во градинката.

Ахмети додаде дека кога и да одлучат надлежните да се отвори градинката, тие се целосно подготвени да ги примамат децата во установата.

Инаку деновиве е извршено и уредување на дворот со помош на креативните и неуморни со идеи, вработени во детската градинка “Олга Мицеска” во Кичево.

Директорот на градинката упати голема благодарност до сите родители и граѓани од Кичево кои индиректно го потпомогнале уредувањето на дворот на градинката.

Би можело да ве интересира

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски

Кичевец е осомничен за убиство

Горан Наумовски