Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Од:

Во рамки на дејствијата поврзани со локалните избори, синоќа заврши тридневниот рок за пријавување на печатените и електронските медиуми (интернет порталите), доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања. До утревечер на полноќ, пак, е рокот за доставување на ценовниците до ДИК за изборите.

Од Државната изборна комисија велат дека деновиве ќе излезат со бројката на медиуми кои поднеле документи да се евидентираат во Регистарот бидејќи документите се проверуваат, а дел од нив ги пратиле и на емајл, и ги доставиле до нивната архива.

Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) што нема да се регистрираат во ДИК, нема да имаат право да користат финансиски средства за платено политичко рекламирање, обезбедени од Буџетот на државата.

Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) се води врз основа на поднесено барање за упис до ДИК, со прилог тековна состојба издадена од Централен регистар не постара од 30 дена.

Ценовниците за платено политичко рекламирање печатените медиуми и интернет порталите се должни да ги достават до ДИК, до Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата, а радиодифузерите да ги достават до ААВМУ, ДИК, ДЗР и ДКСК.

Најдоцна до 24 август ДИК е должна да ги потврди и објави на нејзината веб страница доставените ценовници од медиумите. Радиодифузерите и печатените медиуми кои нема да постапат по известувањето на корекција на ценовниците во наведениот рок го губат правото да бидат регистрирани за платено политичко рекламирање.

Учесникот во изборната кампања, како што се нагласува во Роковникот на ДИК, не може да нарача платено политичко рекламирање од радиодифузерите, печатените медиуми и интернет порталите кои не се во Регистарот кој го води ДИК.

ДИК ги исплаќа трошоците за објавеното платено политичко рекламирање врз основа на доставена фактура од страна на медиумите во рок од 30 дена од објавувањето на конечните резултати од локалните избори.

Од распишувањето на изборите тече и рокот за пријавување на набљудувачи на локалните избори, кој завршува на 8 октомври.

Барања за набљудување на изборите до ДИК може да достават сите домашни здруженија и странски организации, кои се регистрирани согласно со закон, најмалку една година пред денот на одржувањето на изборите, а во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права, меѓународни организации и претставници на странски земји вклучително и претставници на медиуми.

Подносителите на барањата за следење на изборите поднесуваат Барање за регистрација на набљудувачи на изборен процес, додека претставниците на странските медиуми поднесуваат Формулар за акредитација на медиуми. Двете барања се достапни на веб страницата www.sec.мк.

Домашните здруженија и странски организации, покрај Барањето доставуваат и Копија од Статут на здружението, копија од регистрација пред надлежен орган, список на набљудувачи и копија од документ за идентификација на предложените набљудувачи.

Меѓународните организации и претставници на странски земји, покрај Барањето за набљудување, доставуваат и Список на набљудувачи и копија од документи за идентификација на предложените набљудувачи.

Претставниците на странските медиуми покрај Барањето за акредитација на медиуми, доставуваат список на новинари, сниматели, фоторепортери и копија од документ за идентификација.

Претставниците на медиумите од Република Северна Македонија не подлежат на процес на акредитација.

Барањата со потребните прилози се доставуваат на мејл адресата [email protected], најдоцна десет дена пред денот на гласање, односно најдоцна до 8 октомври 2025 година до 24:00 часот.

Државната изборна комисија ќе издаде овластување на сите подносители за набљудување и следење на изборите кои ги исполнуваат условите најдоцна седум дена по приемот на барањето.

Би можело да ве интересира

ДИК: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември

А1он

Лога: ДИК да ја разјасни дилемата околу бројот на кандидати на советничките листи

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат