Заврши реконструкцијата на улица „Загрепска“

Од:

Општина Центар го реши долгогодишниот проблем на жителите на Мало Курило, делот на Водно. Улицата “Загрепска“ сега има нов лик, коловозот во должина од 350 метри, од потегот на црквата Св. Јован до влезот на Мало Курило, е асфалтиран. Претходно, надлежните во општината ги исчистија каналите за наводнување и отстранети се 40 камиони смет.

Оваа улица беше опасност за пешаците и возилата поради ударните дупки и водата која што се слеваше од Водно. Граѓаните побараа и тротоари, по што општина Центар веднаш ќе започне со поставување на тротоар и со тоа се задоволени сите потреби на жителите од тој дел на Центар.

И реконструкцијата на улица “Загрепска“ е дел од проектот “Нова пролет-нова офанзива!“.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски