Заврши регулацијата на Зрновска река

Од:

Заврши втората фаза од регулацијата и уредувањето на Зрновска река што треба да спречи нејзино евентуално излевање.

Според Општината, овој значаен комунален прокет е од особена важност за семејствата кои живеат долж коритото на Зрновска река, а се реализира со 10,7милиони денари финансиска поддршка од ИПА програмата.

– Со овој проект Зрновска река е регулирана и уредена во должна од 463 метри што ќе придонесе за заштита на објектите во близина на речното корито. Средствата се обезбедени од ИПА грантот за развој на руралните средини, изјави градоначалникот на Зрновци Блаже Станков.

Прокетот се реализираше изминатите три месеци, а со регулацијата и целосното уредување на коритото веќе е подобрен и изгледот во центарот на населеното место Зрновци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот