Завршија протестите во Скопје – Најмалку 12 приведени

Од:

Протестите завршија со најмалку 12 приведени и двајца повредени новинари. Не е исклучено дека ќе има извештаи за други повредени и уапсени на вечерашните протести кои што завршија со демолирање на канцеларијата на претседателот Иванов во центарот на градот и влезот на Министерството за правда.

Полициски кордони вечерва не дозволија блиски средби на двете групи што протестираа против одлуката на Иванов да аболира 56 лица кои се истражуваат или за кои се водат постапки од страна на Специјалното јавно обвинителство, Јавното обвинителство и судовите.

Утре се очекуваат нови протести.

Истовремено најавена е и прес конференција на Специјалното јавно обвинителство, а се навестува и можноста за седница на Уставниот суд на која што би се разгледувала иницијативата за укинување за СЈО како неуставно

Би можело да ве интересира

Протест „Ниту една повеќе“: Политичари, судии, полицајци, насилници, парољупци – додека не ја добиеме правдата, мир за вас ќе нема!

А1он

Протест „Ниту една повеќе“ во Скопје: Македонија одамна не е добар родител на своите деца!

А1он

Протест во  Крива Паланка, Митовски порача: Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот

„Ниту една повеќе“: Граѓаните бараат крај на насилството врз жените

Горан Наумовски

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он