Заврши протестот во Скопје на граѓанската иницијатива „Протестирам“

Од:

Заврши протестот што поддржувачи на граѓанската иницијатива „Протестирам“ го одржаа вечерва во центарот на Скопје, преку кој побараа повлекување на одлуката од претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари, како и одложување на  распишаните предвремени парламентарни избори за 5 јуни.

Протестот, како и во изминатите денови, почна пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) чие работење граѓанската иницијатива го поддржува. Протестниот марш продолжи кон мостот „Гоце Делчев“  од каде од „Протестирам“ најавија дека ќе се упатат кон зградата на Уставен суд, но пристапот на мостот беше блокиран од полицијата, по што се упатија пред Владата. Во тек на протестот пред мостот демонстрантите фрлаа боја кон скулптурите лавови.

Учесниците на протестот бараат и оставка од Иванов, вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во решавањето на кризата и формирање  преодна влада која целосно ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

Би можело да ве интересира

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата