Заврши наводнителната сезона во ХМС „Брегалница“

Од:

Наводнителната сезона 2017-та во Хидромелиоративниот систем „Брегалница“ заврши на 10 септември, во рамки на планираниот период. Во текот на сезоната се наводнуваат околу 6.000 хектари под разновидни култури, од кои само 2.500 хектари под ориз.

– Наводнителаната сезона мошне успешно ја завршивме благодарение на максималното ангажирање на вработените од Водостопанство „Брегалница“ од Кочани, кои преку цело лето деноноќно беа на терен и се трудеа водата да стигне до крајните потрошувачи, согласно планот за наводнување донесен на почетокот на оваа година. За успешно завршување на сезоната ни помогна и одлуката за рестрикција на планираните површини за наводнување, посебно под ориз, кои ги намаливме за 2.500 хектари, истакна Николчо Гоцев, директор на „Водостопанство“ Кочани.

По успешно завршената наводнителна сезона во моментот во акумулацијата Калиманци има акумулирано само 13 милиони метри кубни вода. Инаку акумулацијата е со капацитет од 120 милиони метри кубни вода.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот