Заврши маратонското рочиште за „ТНТ“: Продолжува наутро в понеделник

Од:

Доцна вечерва по 20.30 часот заврши маратонското рочиште за предметот „ТНТ“ на СЈО, во кое на прашањата на адвокатите од 12 часот, со паузи одговараше обвинетиот Миле Јанакиески.

Судското рочиште почна со натегање меѓу судијата Огнен Ставрев и адвокатите назначени по службена должност за времето потребно за увид во доказите и продолжи со испитување на Јанакиески, кое со паузи, траеше повеќе од осум часа. Јанакиески говореше за односот со семејството на бизнисменот Фијат Цаноски, за процедурите за издвање и неиздавање одобренија за градење и локациски услови, за прислушуваните телефонски разговори…

В понеделик се откажани сите други рочишта во кои суди овој судечки состав и во 9.30 продолжува судењето за „ТНТ“. Прашања на Јанакиески ќе треба да му поставува обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми.

На една од поротничките во советот на 24 декември, односно во вторник ѝ истекува мандатот, а таа има наполнето 60 години. Доколку дотогаш не биде донесена пресуда, предметот кој се суди две години ќе мора да почне одново.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на тогашниот политички противник Фијат Цаноски. СЈО тврди дека со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе барааат отштета.

Обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексградоначалникот Тони Трајковски, како и Елизабета Најдовска, Насер Алев, Марика Зафировска и Александра Димитриева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вкупно осум години затвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски: Го грабнале за да му наплатат за украдена дрога

Орце Костов

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“

Додик го слушна обвинението: Измислица на обвинителството за политички притисок, фактите немаат врска со мене

А1он

Утре почнува судењето на родителите на Коста кој изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“

А1он

Девојка во Русија е осудена на 27 години затвор за убиството на воениот блогер Владлен Татарски

Трамп во судница во Њујорк: Имаме ситуација каде што сум невин, судијата не ме слуша зошто му е досадно

А1он