Заврши конзервацијата на дел од иконите во црквата „Св. Петар и Павле” во Папрадиште

Од:

Стручните екипи на Националниот конзерваторски центар – Скопје, како надлежна институција од областа на заштитата на културното наследство за територијата на Велес и Велешко, ја реализираа првата фаза од проектот за конзервација и реставрација на корпусот вредни икони во црквата „Св. Петар и Павле” во селото Папрадиште.

Во рамките на проектот, чија реализација започна во 2012 година, во првата фаза конзервирани се девет вредни икони кои во изминатиот период беа доста оштетени.

Министерството за култура за оваа 2013 година, издвои средства за санирање на уште седум икони, чиј процес на конзервација и реставрација е во тек.

Колекцијата на икони во оваа црква, чиј градител е прочуениот Андреја Дамјанов, родум од Папрадиште, е создадена на крајот на 19 и почетокот на 20 век од големите македонски преродбеници Ѓорги Зографски и Димитар Андонов Папрадишки, кои се последните македонски зографи и пионери во македонското современо сликарство.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите