А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Изборен молк, гласаат дијаспората, болните и затворениците

by А1он10/12/2016 - 09:1710/12/2016 - 09:56115
Share0

Во пресрет на неделните предвремени парламентарни избори во Република Македонија, четврти во низа, денеска е предизборен молк. Дваесетдневната изборна кампања заврши ноќеска на полноќ. Гласање денеска, според македонското изборно законодавство, се спроведува во дијаспората, за пријавените болни и изнемоштени лица и за затворениците и лицата во притвор.

Добивај вести на вибер

Избирачките места се отворени во 7:00 часот, а гласањето завршува во 19:00 часот. Во дијаспората тоа ќе се спроведува по локално време.

На изборите учествуваат 11 политички субјекти: шест политички партии и пет коалиции со 58 листи на кандидати.

Пријавени за гласање во странство се 20.573 граѓани, додека  на посебниот Избирачки список се запишани 230.122 лица кои согласно евиденцијата на надлежен орган се смета дека се на привремена работа во странство.

Своето право на глас во странство државјаните на Република Македонија ќе можат да го остварат во 41 дипломатско-конзуларно претставништво и конзуларни канцеларии. Најмногу пријавени за гласање има во Берна 4.256, во Венеција, 2724, во Детроит 1.170, Њујорк 1.168, Мелбурн 1112… За овие избори за гласањето во Берн отворени се три дополнителни избирачки места, додека во Венеција две.

Најмалку пријавени има Мадрид – 10, во Пекинг 13 и во Варшава 14 гласачи.

Гласање денеска се спроведува и за 2.015 затвореници и лица во притвор. Дома или на адреса каде што се пријавени денеска гласаат и болните и немоќните. Гласаат и 13 внатрешно раселени лица.

За утрешните деветти парламентарни избори, четврти предвремени во од 2008 година наваму, во Избирачкиот список запишани за гласање се 1.784.416 полнолетни државјани на Република Македонија. Во Македонија ќе гласаат 1.531.368 граѓани. Изборите ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во шест изборни единици во Македонија и во 46 во седмата изборна единица што ја опфаќа дијаспората.

izbori 2016

Би можело да ве интересира

Хан во Скопје на средби со политичките лидери

Ана Ололовска09/02/2017 - 08:3309/02/2017 - 14:31

Рама: Не е важно кој ќе формира влада, туку албанската платформа

Ана Ололовска03/02/2017 - 12:0403/02/2017 - 12:51

Средба на ДИК и МОСТ по повод Денот на изборите

Ана Ололовска02/02/2017 - 14:59

(ВИДЕО) Иванов: Ќе го дадам мандатот на тој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник

А1он01/02/2017 - 19:3302/02/2017 - 10:23

Ванхауте: Втора рунда во Македонија – Груевски не направи здрав компромис со Албанците

Наум Локоски30/01/2017 - 14:2931/01/2017 - 08:18

Ивановски: Иванов уште денеска треба да му го предаде мандатот на СДСМ

А1он30/01/2017 - 13:5231/01/2017 - 08:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен