Заврши истрагата за трагедијата кај „Сити мол“, според адвокатот на возачот не се обезбедени сите докази

Од:

За 12 дена заврши истрагата за сообраќајката на раскрсницата пред „Сити мол“, каде загина 24-годишната радовишанка Викторија Николова, повреден беше Леонид Даов, а возачот Јордан Ѓ. заврши во притвор поради опасност од бегство и влијание на сведоци. Периодот од 20 јануари кога се случи сообраќајката до 2 февруари, кога според адвокатот на возачот е архивирано барањето, бил доволен да се соберат сите докази. Душко Јанковиќ, адвокат на возачот, тврди дека иако формално е завршена, таа не е целосна. Од Обвинителството не одговараат дали се завршени и сите распити со сведоци, обвинетиот, неговата придружба во автомобилот. Од свои извори, „А1он“ дозна дека завршено е сообраќајното вештачење. Тоа треба да даде информации како настанала несреќата и со која брзина Јордан удрил во Викторија. Детали не се откриваат

„Истражната постапка е во завршна фаза, односно обвинителот заврши со преземање на истражните дејствија и сега тече законскиот рок во кој одбраната и осомничениот имаат право да извршат увид во доказите и да предложат преземање дополнителни дејствија. Веднаш штом ќе биде донесена конечна јавнобвинителска одлука, јавноста ќе биде известена за утврдените факти во истрагата“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Адвокатот Јанковиќ за „А1он“ вели дека во историја на Обвинителството не се случило истрага да заврши за 12 денови. Тој смета дека ова е тежок предмет и мора детално да се разработи, без брзање. Во понеделник ќе прави увид во доказите. Јанковиќ посочи дека нема потреба од брзање и додаде: „Кога веќе сме изгубиле еден човечки живот треба да мислиме за вториот“.

„Премалку време е. Знам и од професионална гледна точка, од долгогодишно искуство, дека 12 денови, од 20 јануари до 2 февруари како што стои во архивското бројче, е премалку време. Ова е период сосе вклучени саботи и недели, кога не се работи. Истрагата сигурно не е целосно готова. Не верувам дека има снимки од камерите, дека има наод од обдукција, сто отсто сум сигурен дека нема сообраќајно вештачење од вешти лица и со сигурност знам дека сите искази не се собрани. Сигурен сум дека ова што го кажувам во понеделник, при увидот, ќе го најдам и во предметот. Преуранета е оваа одлука. Во најскратената постапка, не може, за вака краток период да се постигне сето ова. Бидејќи, ова е тежок предмет мора детално да се пристапи, не треба да се брза, нема кај да се брза. Јордан е во затворот во Шутка, обезбеден е, нема потреба од брзање“, вели Јанковиќ за „А1он“.

Сообраќајната трагедија се случи на 20 јануари. Младата Викторија почина на лице место. Повредениот Леонид беше пренесен во болница каде му беше констатирана набиеница и психички трауми од настанот. Возачот Јордан беше веднаш спроведен во полициска станица каде помина 24 часа, па беше пренесен во Обвинителство и од таму во Кривичниот суд. На 21 јануари му беше одреден 30-дневен притвор од судија на претходна постапка поради опасност од бегство и влијание врз сведоци и вешти лица. Тој со полициско комбе беше префрлен во затворот „Скопје“ во Шутка. Адвокатот Јанковиќ поднесе и жалба на решението до Апелација, која беше одбиена.

Би можело да ве интересира

Таткото на загинатата Викторија до судиите: Ја убивте вие повеќе од убиецот, кого го направивте жртва

Кристијан Ландов

Апелација одлучи возачот кој ја прегази Викторија кај „Сити мол“ да лежи четири години затвор, наместо три

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Пијаница со 150 км/ч ми го уби детето, издржа казна четири години и излезе, каде јас да барам правда, праша мајка на протестот пред судот

Маја Илиевска-Пачемска

Вложена жалба на пресудата за тешката сообраќајна несреќа во скопски Карпош

Ана Ололовска

Сестрата на загинатата Викторија: Срамота за судот, имате ли барем грам човечност?

Кристијан Ландов

Протест пред Кривичен в петок, поради тригодишната казна за возачот кој ја усмрти Викторија

Кристијан Ландов